Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Гркот Ej Џеј Јанис го освои второто место на денешниот слалом возен во Шамони, Франција. Овој резултат е историски за грчкото скијање, бидејќи за прв пат еден натпреварувач од нашиот јужен сосед се најде на победничкиот подиум на трка од Светскиот скијачки куп.

Инаку, победник е Швајцарецот Рамон Ценхојзер со вкупно време 1:42.94 минута, односно 1,02 секунди побрзо од второпласираниот Јанис.

Трет беше Даниел Јул од Швајцарија.

За Ценхојзер ова е петта победа во кариерата и прва по по две години.

На табелата во дисциплината слалом водечки во светскиот куп е Лукас Братен од Норвешка со 430 бодови, пред Јул со 394 и Хенрик Кристофферсен со 389. Денешнито победник, Ценхојзер се проби на четвртата позиција со 327 бода.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.