ПМФЛ: Брегалница и Шкендија го отвораат 15. коло

ПМФЛ: Брегалница и Шкендија го отвораат 15. коло

По двонеделна пауза поради завршницата во групната фаза во квалификациите за ЕУРО 2024, овој викенд продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во увертира на 15 прволигашко коло, претпоследнопласираната Брегалница попладнево од 13 часот ја пречекува Шкендија во обид против тетовскиот состав кој е на второ место на табелата да ја прекине серијата од четири натпревари без победа.

Во истиот термин в недела ќе се комплетира колото со преостанатите пет дуели меѓу Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП, Силекс – Вардар, Струга – Воска и Тиквеш – Брера.

Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 23, Брера 19, Работнички 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.