Осминафинална рунда во фудбалскиот Куп на Германија

Осминафинална рунда во фудбалскиот Куп на Германија

Во фудбалскиот Куп на Германија денеска и утре на програмата се осминафиналните натпревари.

Од осумте средби две привлекуваат поголемо внимание.

Тоа се дуелите во Минхен и Дортмунд каде Баерн го пречекува составот на Волфсбург, а Борусија ќе биде домаќин на берлинска Херта.


Комплетни двојки за осминафиналето на фудбалскиот Куп на Германија:

Вторник

  • 18:30 Валдорф – Арминија
  • 18:30 Хамбургер - Келн
  • 20:45 Баерн Минхен – Волфсбург
  • 20:45 Гројтер Фурт - Борусија Менхенгладбах

Среда

  • 18:30 Зандаузен – Шалке
  • 18:30 Лоте - Минхен 1860
  • 20:45 Борусија Дортмунд – Херта
  • 20:45 Хановер – Ајнтрахт

Во оваа рунда се игра само еден натпревар, по кој победникот ќе се пласира во четвртфиналето, кое на програмата е на 28 февруари и 1 март.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.