Свечено се колнам дека ќе ја исполнувам мојата функција како претседател на САД и оти на најдобар начин ќе го заштитувам и чувам Уставот на Соединетите Држави. Господ да ми помогне.
Патниците што доаѓаат во Франција од земјите што не се членки на ЕУ повеќе нема да можат да влезат во земјата со негативен резултат од брзиот, лесно достапен тест на Ковид-19.
Шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге изјави дека 95 насто од вакцините против Ковид-19 кои досега се произведени, се распоредени во само 10 земји.
Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е ставен на руската федерална листа за потраги за наводно кршење на условната затворска казна и може да биде уапсен по неговото планирано пристигнување викендов од Германија, каде што беше пренесен со хеликоптер за лекување...
Луѓето кои прележале ковид-19, најверојатно имаат имунитет кој трае најмалку пет месеци, но исто така има докази дека и луѓето со антитела можат да го носат и шират вирусот, покажуваат резултатите од истражување спроведено во Велика Британија.
Патничкиот авион на индонезиската компанија Сривиџава Ер изгуби контакт со контролата на летот кратко по полетувањето од Џакарта.
Членовите на американскиот Конгрес ја потврдија победата на кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден на претседателските избори, откако ги отфрлија сите приговори за гласовите на гласачите во сојузните држави.
Шумски пожар засилен од ветрот што избувна на местото кадешто се наоѓа базата на американската морнарица во јужниот дел на Калифорнија, доведе до евакуација на над 7.000 луѓе, пренесува Ројтерс.