Светската здравствена организација (СЗО) во јули ќе го прогласи вештачкиот засладувач - аспартам како можна причина за рак, јавија западни медиуми повикувајќи се на два неименувани извора запознати со процесот.
Богатите земји го финализираа задоцнето ветување за доделување финансии за справувањето со климатските промени во износ од 100 милијарди долари за земјите во развој и формираа фонд за биолошка разновидност и заштита на шумите, истакна денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Германскиот Парламент денеска ги одобри плановите за привлекување на повеќе квалификувани работници во најголемата европска економија за да се помогне во справувањето со недостигот на работна сила во се поголем број професии.
Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море.
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ се договорија за заеднички став за два клучни законски предлози за миграција и азил, објави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард.
Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија денеска властите, што е најсмртоносната железничка несреќа во таа држава во изминатите повеќе од 20 години.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две...
Руската армија лансираше повеќе од 40 дронови кон главниот град на Украина, кои синоќа беа соборени од киевските системи за воздушна одбрана, но едно лице загина, соопштија украинските власти.