Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“.
Рано утровои во цела Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.
Полска постигна договор за обнова на транзитот на украинско жито низ нејзина територија, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус, цитиран од британските медиуми.
Во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени, наведува Светската здравствена организација (СЗО), јави ДПА.
Интерпол денеска соопшти дека неговата досега најголема операција за заплена на огнено оружје низ Централна и Јужна Америка резултирала со заплена на илјадници парчиња нелегално оружје и дрога во вредност од 5,7 милијарди долари по досега невидена соработка меѓу 15...
Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА.
Рускиот суд го осуди на 25 години затвор опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза поради предавство и други обвиненија поврзани со критиките на војната во Украина.
Колумбиската армија заплени и уништи околу осум тони кокаин во лабораториите во Кауки и во Нарињо.