Рускиот опозициски активист, Дмитриј Иванов, кој на социјалните мрежи го осуди начинот на кој Москва ја води војната во Украина, е осуден на осум и пол години затвор за ширење лажни информации за војската.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 90 руски војници денеска се ослободени од украинско заробеништво, пренесоа руските медиуми.
Најмалку 15 лица загинаа денеска, а 200 други се повредени по експлозија во деловна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, соопштија претставници на службата за противпожарна заштита.
Птичји грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, на југоистокот од Унгарија, соопшти денеска Управата за безбедност на храната на таа земја.
Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра (957 милијарди долари) до 2050 година, покажа студија нарачана од владата чии резултати се објавени денеска.
Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат.
Катар ќе одвои 60 милиони долари за поддршка на својата програма за најнеразвиените земји, соопшти денеска емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.
Индонезиските спасувачи и пожарникари денеска трагаат по 16 лица кои се водат како исчезнати под урнатините на јагленисани куќи и згради, откако во големиот пожар што синоќа се прошири од складиште за гориво во Џакарта загинаа најмалку 18 лица, а...