Земјотрес со интензитет од 6,1 степени го погоди денеска северниот дел на Јапонија.
Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права.
Со оглед на сериозноста на хуманитарната криза во Сирија, која беше влошена од земјотресот, Советот на ЕУ денеска одлучи да усвои хуманитарен амандман за дополнително олеснување на брзата испорака на хуманитарна помош.
Најмалку десет Палестинци беа убиени, а повеќе од 100 се повредени во денешните конфликти кои избувнаа кога израелски војници влегоа во палестинскиот град Наблус на Западниот брег, соопштија палестински здравствени службеници.
Повеќе од 8.000 цивили загинаа откако Русија ја нападна Украина пред една година, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
Белорусија ќе го прошири својот кривичен закон за да овозможи смртна казна за владини службеници и воен персонал за „велепредавство“.
Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти.
Најмалку 8,8 милиони луѓе се погодени од земјотресот во Сирија, соопшти претставничката на Обединетите нации во земјата, Најат Рожди, откако претходно координаторот за вонредни состојби на ОН за Сирија, Мартин Грифитс, призна дека хуманитарните организации на ОН не успеале да...