Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.
Белгиската полиција заплени четири тони кокаин во провинцијата Антверпен, а десет лица се уапсени, соопшти канцеларијата на локалниот јавен обвинител.
Најмалку 171.843 лица се раселени во северозападна Сирија поради земјотресот од 6 февруари, чиј епицентар беше во јужна Турција, соопшти Сириската организација за координација за одговор.
Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки.
Белгиската полиција откри и заплени приближно четири тони кокаин во градот Равелс, во близина на границата со Холандија.
Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) ветија дополнителни 50 милиони долари помош за Сирија погодена од земјотресот, со што вкупната помош ќе достигне над 100 милиони долари.
Сириската Влада денеска ги прогласи областите погодени од земјотресот во северозападниот дел на земјата за зона на катастрофа. Тие области ги вклучуваат провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама, соопшти сириската новинска агенција САНА.
Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше приведен во врска со истрагата „Катаргејт“ за корупција во Европскиот парламент во корист на Мароко и Катар. Тој ќе биде сослушан од обвинител, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството.