НБА ѕвездата Кантер: Се плашам за мојата безбедност поради моите ставови против Ердоган

НБА ѕвездата Кантер: Се плашам за мојата безбедност поради моите ставови против Ердоган

Турскиот играч на НБА тимот New York Knicks, Енес Кантер не отпатува на натпреварот кој се одигра во англиската престолнина Лондон поради, како што изјави, се плаши за сигурноста на својот живот која може да биде нарушена од страна на турските разузнавачки служби.

Инаку Кантер е познат по своите ставови против турскиот претседател Ердоган. Турските разузнавачки служби претходно се обидоа да го киднапираат на аеродромот во Индонезија. Кантер во последен момент беше спасен и одведен во Америка.

Околу неговите тврдења дека се плаши од можен атентат врз него, се огласи поранешниот играч на НБА и сегашен советник на Ердоган, Хидајет Туркоглу. Во допис објавен на Твитер, Туркоглу тврдеше дека Кантер не поседува виза за патување, а не дека се плаши од турските власти. На ова, Кантер одговори со фотографија од својата патна легитимација, каде што јасно се гледа дека Кантер нема проблеми со патните исправи.

Кантер е подржувач на движењето Ѓулен. Претходно во неколку свои изјави го обвини Ердоган за тортура врз следбениците на движењето.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.