Бразил го одби барањето на Турција за екстрадиција на турски бизнисмен, поврзан со движењето Ѓулен

Врховниот суд на Бразил го одби барањето на Турција за екстрадиција на Али Сипахи, турски бизнисмен кој турската влада го бара поради поврзаност со движењето Ѓулен.

- Нема никаква гаранција дека во Турција ќе му се суди на праведен начин – вака ја образложи својата одлука судијата Едсон Фашин. Тој исто така наведе дека оваа одлука е прифатена и поддржана и од страна на петччлениот совет на врховниот суд на Бразил.

Во врска со случајот се произнесе и јавното обвинителство на Бразил, кое истакна дека Сипахи повеќе од 12 години престојува во Сао Пауло и дека не е забележана никаква терористичка активност на движењето Ѓулен во оваа земја.

Според бразилскиот весник Естадо де С Пауло напиша дека во Бразил живеат повеќе од 300 турски граѓани, членови на движењето Ѓулен и дека за 10-мина од нив турската влада побарала екстрадиција, но министерството за правда сеуште не овие барања.  

Please publish modules in offcanvas position.