Американски советник за надворешни работи: Фетулах Ѓулен нема да биде ектрадиран во Турција, владеењето на правото така функционира

Советникот за надворепни работи на САД, Џон Ситилидес во интервју за порталот kronos28.news изјави дека турската влада во повеќе наврати поднела барање за екстрадиција на Фетулах Ѓулен,  турскиот проповедник кој живее во САД.

Џон Ситилидес е советник за Источна Европа при министерството за надворешни работи на САД. Претходо работел во реномираното американско здружение Вилсон Центар на проекти за Југоисточна Европа.

Во интревјуто потпишано од новинарот Ситки Озџан, Ситилидес говори претежно за затегнатите односи на САД и Турција, особено во периодот по набавката на противвоздушните ракети на Русија, Ѕ400.

- Она од што Пентагон се плаши е тоа што ракетите Ѕ400 се програмирани за препознавање на воените авиони F35, поради што се става во опасност воената надмоќност на САД, кои не смеат да дозволат Русија да ги поседува нивните воени податоци. Ова значи дека САД не се противи на оваа ситуација поради Турција, туку оради сопствена заштита. Сакам да потенцирам дека со оваа одлука Анкара не само што ги стави во опасност односите со НАТО сојузниците, туку и турската економија, турската војна и националната безбедност. Никој во Вашингтон не сакаше да дојдат односите до ова ниво, но постапките на Турција и незагриженоста врз предупредувањата упатени од САД овозможија да дојдат односите до ова ниво. Покрај сето тоа, Турција сепак одлучи да ги купи ракетите Ѕ400 – изјави Ситилидес во врска со купувањето на Турција на одбранбените ракети Ѕ400.

Ситилидес предупреди дека Турција, поради ваквите постапки може да се соочи со санкции во рамките т.н. закон CAATSA, со кој се одредуваат условите, државите и лицата на кои им се одредуваа санкции. Тој додаде дека одлуката дали на една држава или на некое лице ќе му се одредат мерките на санкции, ја носи сенатот во соработка со Белата Куќа. Ситилидес освен тоа наведува дека Турција се наоѓа на работ на добивање на санкциите.

- Пентагон доволно ја предупреди за ризикот кој Турција го превзема со тоа што го оштететува американскиот одбранбен систем. Поради тоа, треба да се упати доволна порака кон управителите. Од друга страна, Трамп и неговите советници се подготвуваат за односите помеѓу САД и Турција пост Ердогановиот период. Тие не сакаат целосно да ги уништат врските со Турција поради погрешните постапки на актуелната турска влада – потенцира Џон Ситилидес на прашањето Дали Трам сака да ги активира санкциите против Турција.

Турција од земја пример за средниот исток, до земја каде што е нанесена голема штета врз демократијата

Во интервјуто за порталот kronos28.news Џон Ситилидес ги коментираше и актуелните политики на турската влада. Тој наведе дека Турција до пред 2013 година важеше за земја пример за средниот исток.

- Сакам да потсетам дека Турција е земја со високи цели. Кога го велам ова најпрвин мислам на целта и одлучноста на Ердоган за членство во ЕУ и за зголемување на економијата, со што се целеше влез во друштвото на Г8. Но, со насилничкиот однос кон протестите за паркот Гези во 2016 година и ставот на турската влада во периодот после воениот удар во 2016 година се нанесе голема штета врз демократијата на земјата – изјави Ситилидес.

Ситилидес ја критикуваше и одлуката на Ердоган за отстранување од функција тројца градоначалници на градови со мнозинство куртско население. Тој оваа одлука ја нарече како потег со кој се притиска одлуката на куртскиот народ и се продолжува со огромниот притисок против овој народ.

- Во демократски држави никој нема право да разреши демократски избрани луѓе. Особено не во ранливите места, како што се наведените градови, каде што поголемиот дел од населението е куртско население, кое долги години трпи насилство.  – додато Ситилидес.

Тој ја исклучи можноста за разрешување на градоначалниците на Анкара и Истанбул, кои потекнуваат од најголемата опозициска партија ЏХП, но сепак потсети на непредвидливоста на постапките на Ердоган.

Ситилидес се осврна и кон мигрантската политика на САД и на флексибилноста за прифаќање на поголем дел на мигранти. Тој привлече внимание кон турските мигранти, особено припадниците на движењето Ѓулен. Ситилидес потенцира дека поголем дел од нив се образовани и културни луѓе и нагласи дека нивно протерување од Турција, пред се е лоша слика за владеењето на правото во таа земја, подвлекувајќи дека поголем дел од мигрантите ја напуштаат својата земја, соочени со бариери во исполнување на своите слободни активности.

САД нема да го екстрадира Фетулах Ѓулен

Ситилидес говореше и за ектрадицијата на Фетулах Ѓулен.

- Турската влада, во последните неколку години голем број пати побара ектрадиција на Фетулах Ѓулен, со докази кои ги сметаше за законски. Но, ниту еден од овие докази не овозможи ектрадиција во согласност со американските закони. Ние имаме независен правосуден систем и не се раководи според желбите на сенаторите и претседателите. Според тоа, може да се каже дека не може да се изврши никаков политички притисок во врска со барањето на Турција. Доколку Турција успее да ги достави потребните докази, мислам дека Министерството за правда на САД сериозно ќе ја разгледа можноста за екстрадицијата, но Турција не успеа да ги достави, затоа Фетулах Ѓулен нема да биде екстрадиран во Турција. Во секоја нормлна западна држава владеењето на правото функционира вака.

Please publish modules in offcanvas position.