Американскиот пастор Брансон ги опиша Ѓуленистите со кои ја делеше ќелијата: Тие се невини

Американскиот пастор Ендру Брансон, кој минатата беше причина за оладените односи помеѓу САД и Турција, изјави дека членовите на движењето Ѓулен ги смета за невини.

Брансон беше уапсен во Турција, под обвинение дека врши терористички и разузнавачки активности, поради што обвинителството побара 35 години затворска казна.

Брансон објави книга насловена како “God’s Hostage: A True Story of Persecution, Imprisonment, and Perseverance” („Божјиот заложник: Вистинска приказна за прогон, затворање и упорност“), каде што наведува дека бил предмет на пазарење од страна на Ердоган за екстрадицијата на Ѓулен.

- Несомнено е дека некои Ѓлуленисти биле вклучени во пучот, но има многу прашалници за тоа. Престојував со татковците на децата кои пораснаа лишени од нивниот татко. Тоа е ужасна неправда. Колку што можам да кажам, овие луѓе беа невини. Некои од нив беа поврзани со движењето, но тие не беа вклучени во какво било насилство и не се обидоа да ја соборат државата. – вели Брансон во својата изјава.

Please publish modules in offcanvas position.