Легендата на турскиот фудбал Хакан Шукур за Еуроњуз одговори: Зошто влезе во политика?, Каква врска има со Ѓулен?, Дали е Убер возач?

По завршувањето на фудбалската кариера полна со рекорди, Хакан Шукур реши својот пат да го продолжи преку политиката.Тој во 2011беше избран за пратеник од партијата на Ергодан АКП година, а кружеа гласини дека тој ќе стане министер за спорт.Сепак, неговата политичка кариера не траеше толку долго како неговата фудбалска кариера. Прво поднесе оставка од партијата, а потоа тој ја напушти Турција наведувајќи дека му е трпи притисок и закани.

Хакан Шукур одговори на прашања на Еуроњуз е за неговите обвинувања, жалење од минатото, надежи за иднината, соништа.Зошто влезе во политиката?Што вели за обвиненијата за учество во воен удар?Како е неговата врска со Фетулах Ѓулен?Дали тој се грижи за безбедноста на неговото семејство?Што направил откако му беа одземени имотите и што сака да направи следно? ...

„Не сакав да влезам во политика но ми беше извршен притисок“

Наведувајќи дека откако го напуштил активниот фудбал, се стекнал тренерска лиценца и не размислувал за политика, Шукур објаснува зошто влегол во Собранието со зборовите „премиерот на тој период инсистираше на тоа дека ми треба, имав притисок“.

Шукур тврди дека понудата ја прифатил бидејќи му било ветено дека ќе се спроведат голем број проекти во врска со фудбалот, но не му требало долго да сфати дека тоа се само празни ветувања. - Всушност, сфатив дека политиката го користи нашиот имиџ, нашата репутација.- рече Шукур.

Познатите личности во секој областсе пожелни од страна на политичарите. Добив многу понуди: градоначалник, заменик, министер за спорт...

  • Нашата доверба беше разнишана на 17-25 декември. вели Шукур, осврнувајќи се на недостаток на испитување на министрите.

Наведувајќи дека добил закани по оставката, Шукур потенцира дека работното место на неговата сопруга е каменувано, дека вработените биле злоупотребени и затоа решиле да ја напуштат земјата.

  • Тие што тогаш молчеа сега се свесни дека е доцна. Турција е веќе држава каде што тие што ги испитуваат грешките на системот се нарекуваат терористи.

Сепак, Хакан Шукур се уште ја зачувува својата надеж за иднината.

  • Ја сакам мојата држава, мојата нација, моето знаме, сите мои вредности. – додаде Шукур.

Се чини како да нѝ беше кажано за  нашите вредности да разговараме со луѓе кои се кријат зад овие вредности и прават злосторства.

Каква врска има со Движењето Ѓулен?

Осврнувајќи се на обвиненијата за пуч, Шукур вели:

  • Нема такво обвинение против мене. Има само црна пропаганда. Луѓето треба да докажат невиност, но тужителот треба да го докаже злосторството. – изјави Шукур.

Порано на програми организирани од страна на Движењето Ѓулен одевме со авионот на Претседателот. Тогаш тоа беше дозволено а сега казниво.

Тој период како и сите познати и јас бев повикан на тие програми.

‘Сакам да се вратам во фудбалот, да бидам тренер’

Хакан Шукур потенцира дека се мачи во САД поради тоа што целиот приход преферира да го троши во Турција отколку да инвестира во странство. Потсетувајќи дека започна со кафетерија во САД со ограничен капитал откако и со тоа пропадна, националниот фудбалер сака повторно да ја продолжи кариерата во фудбалот.

Дури и да имам можност, не би одел кај Трамп да побарам помош

Иако е загрижен за безбедноста на останатите семејства во Турција, иако мисли дека правниот систем не дејствува независно од постоечката власт, Шукур сеуште не ја губи надежта дека еден ден неговата земја ќе се нормализира. Шукур своето мислење дека средствата ќе ги врати го искажа со зборовите “Јас сето тоа го освоив со свој труд, Бог нема тоа да го потроши залудно“.

Please publish modules in offcanvas position.