СБ на ОН првпат во историјата ќе гласа преку електронска пошта

Советот за безбедност на Обединети нации првпат во историјата воведува гласање преку електорнска пошта за време на пандемијата со новиот коронавирус.

Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански изјави дека СБ не сакал да воведе гласање по пат на видео врка, бидејќи тоа не е дефинирано со Повелбата на ОН, а исто така има и правни, безбедноснии и технички проблеми.

Тој додаде дека Русија била против гласање преку видео врска.

Од 16 март речиси сите кои работат во седиштето на ОН во Њујорк комуницираат од далечина, додека СБ не одржува состаноци во живо.