Авионска несреќа во Пакистан

Патнички авион на „Пакистан Интернешанл Ерлајнс“, кој патувал од градот Лахоре до Карачи, се урна во близина на аеродромот во Карачи, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Портпаролот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Абдул Сатар Кохар изјави за локалните медиуми дека во авионот „Ербас А-320“ се наоѓале 99 патници и осум членови на екипажот.

Според Агенцијата, патничкиот авион се урнал во населена област во близина на аеродромот во Карачи.

Сведоци изјавија дека авионот се обидел да слета два или три пати пред да се урне врз неколку куќи во близина на меѓународниот аеродром.

Полицијата и војската ја блокираа областа каде се случи авионската несреќа, а на местото пристигнале и амбулантни возила.

MK_29036.jpg

MK_26918.jpg

MK_e5f2a.jpg