Снежна бура ја парализира Западна Европа, снег ги блокираше Велика Британија и Германија, „црвен аларм“ во Холандија

Поголемиот дел од Западна Европа се бори со силната зимска бура „Дарси“, која донесе невообичаено големи врнежи од снег и пад на температурата и доведе до нарушувања на сообраќајот и прекинување на електричната енергија во многу области на Англија, Германија и Холандија.

Во Велика Британија, „Дарси“ доведе до нагло опаѓање на температурата до – 13 и навеа триесет сантиметри снег во некои делови на земјата. Ситуацијата дополнително ја влошуваат силните зимски ветрови, кои создаваат наноси на патот и ги кинат електричните кабли, што остави многу населени места без електрична енергија.

Возачите се предупредени за голомразица и снежни наноси на патиштата што веќе доведе до бројни сообраќајни несреќи. Возачите се предупредени да не тргнуваат непотребно на пат.

Метеоролозите предупредија дека ваквите временски услови ќе траат до четврток, со натамошно зголемување на снежната покривка.