СЗО ја критикува Европа за бавна вакцинација против ковид-19

СЗО ја критикува Европа за бавна вакцинација против ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО)  ја критикуваше „неприфатливата“ забавеност на вакцинацијата против коронавирусот во Европа, која со месеци се соочува со многу загрижувачка епидемиолошка состојба.

„Бавното темпо на вакцинација ја продолжува пандемијата“, соопшти европскиот огранок на СЗО, истакнувајќи дека бројот на нови случаи во Европа нагло се зголеми во последните пет недели.