Австрија ќе пренасочи 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Австрија ќе пренасочи 651.000 дози вакцини од ЕУ за Западен Балкан

Австрија соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка.

Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следена од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози. Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини.