Полицаецот Дерек Шовин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд

Полицаецот Дерек Шовин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд

Судот го прогласи за виновен поранешниот полицаец во Минеаполис Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд, чија смрт минатата година предизвика насилни протести против расната неправда во САД.

Ние поротата за точката три, убиство од втор степен, небрежност, создавање неразумен ризик, го прогласуваме обвинетиот за виновен.

Судот го прогласи за виновен поранешниот полицаец во Минеаполис Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд, чија смрт минатата година предизвика насилни протести против расната неправда во САД. Судскиот процес кој траеше речиси една година се одвиваше околу причините за смртта на Флојд и дали употребата на сила на поранешниот полицаец била оправдана. Информацијата за пресудата предизвика бура од емоции и славење пред судницата од стотиците граѓани кои се собраа да дознаат дали Шовин ќе биде прогласен за виновен.

-Тој е виновен! Тој е виновен!

Најемотивно сепак беше во домот на Флојд каде членови на неговото семејство со нетрпение очекуваа дали ќе има правда за неговата смрт.

-Обвинетиот е прогласен за виновен.

-Кога гледам како овој човек се врзува со лисици зад грб и се изнесува од судот, исто како што тоа му го направи на мојот брат, тоа ми докажа тој нема повеќе моќ, дека тој повеќе нема контрола, туку брат ми има контрола,-Латоња Флојд – Сестра на Џорџ Флојд.

За пресудата на Шовин се изјасни и американскиот Претседател Џо Бајден кој порача дека ништо нема да биде доволно за да се добие правда за смртта на Џорџ Флојд, и додаде потребна е темелна промена во американското општество за борба против расизмот.

-Никој не треба да биде над законот и денешната пресуда ја испраќа таа порака. Но, тоа не е доволно, не можеме да запреме тука. За да постигнеме вистинска промена и реформа, можеме и мораме да направиме повеќе за да спречиме трагедии како оваа да се случат повторно, истакна -Џо Бајден – Претседател на САД.

Иако беше прогласен за виновен, казната на Шовин која би можела да достигне и до 40 години ќе му биде соопштена дури за осум недели. Интересно е тоа што составот на поротата која ја донесе пресудата поради заштита од евентуални напади ќе остане анонимен неколку години. Пресудата голем дел од американските медиуми ја прогласија за историска, бидејќи иако убиствата од страна на полицијата во САД се чести, ретко кога има некаква одговорност пред законот.