Бројот на жртви од судирот на возови во Пакистан надмина 60

Бројот на жртви од судирот на возови во Пакистан надмина 60

Бројот на жртви од судирот на два воза во Пакистан се искачи на 62. Несреќата ги нагласи безбедносните проблеми во дотраената железничка мрежа во земјата во со децении малку се инвестира.

Десетици луѓе се повредени во несреќата која се случи вчера кога полн меѓуградски воз налета на друг експресен воз кој излета од шините во близина на градот Дерки во провинцијата Синд. Причината за првичното излетување од шините сè уште е непозната.