Расте бројот на загинати и исчезнати во поплавите во Германија

Бројот на луѓе кои го загубија животот во големите поплави во западниот дел на Германија се зголеми на најмалку 120, а околу 1.300 лица се водат за исчезнати во областа Ахрвејлер, јужно од Келн, соопшти окружната влада на Фејсбук.

Мобилните телефонски мрежи не функционираат во некои од поплавените региони, што значи дека семејствата и пријателите не беа во можност да ги пронајдат нивните најблиски.

Цели делови се отсечени откако надојдените реки зафатија градови и села во државите Северна Рајна – Вестфалија и Рајнската Област – Пфалц.