Се зголемува бројот на жртви во поплавите во Кина

Се зголемува бројот на жртви во поплавите во Кина

Три милиони луѓе се погодени од големите поплави во провинцијата Хенан во централна Кина, а 33 загинаа.

Во Женгжоу за три дена наврнаа количини дожд, колку за една година. Водата ги преплави патиштата, тунелите и метрото. Дождовите продолжуваат и денес, отежнувајќи ги операциите за спасување Снимките од Женгжу покажуваат луѓе заробени во возовите на подземната железница, каде водата е над еден метар. Стотици од нив беа извлечени од спасувачките екипи. Ова е вообичаен период на дождови во Кина каде секоја година се случуваат поплави. Но, кинеските научници велат дека причина за интензивните дождови годинава е глобалното затоплување.