Белгија соочена со нови поплави

Белгија се соочи со ненадејни поплави по втор пат за нешто повеќе од една недела.

Обилните дождови ги претворија улиците во градот Намур во вистински реки, додека многу куќи, особено првите катови, се поплавени. Метеоролозите најавија дека врнежите ќе продолжат. Минатата недела најмалку 37 лица го загубија животот како резултат на поплавите во оваа земја. Четирите земји беа најтешко погодени од минатонеделните поплави во Европа и тоа Германија, која има најголем број на жртви, скоро 160, Белгија, Холандија и Луксембург. Но и Швајцарија, Австрија и Република Чешка беа погодени од поплави.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.