Листа за ликвидација на припадници на движењето Ѓулен е запленета при полициска акција во Германија

Листа за ликвидација на припадници на движењето Ѓулен е запленета при полициска акција во Германија

Минатиот петок во хотел во германскиот град Дизелдорф уапсен е 40 годишен турски граѓанин. Дер Шпигел објави дека при рацијата запленети се вистински оружја и муниција. Исто така, полицијата објави дека е запленета листа на членови на движењето Ѓулен. Според полициски извори, полицијата ги предупредила да бидат внимателни.

 Дер Шпигел објави дека пред операцијата биле блокирани сите патишта околу хотелот, а пред готелот биле видени неколку блиндирани полициски возила. Околу 550 гости биле принудени да го напуштат хотелот. Во претресот на собата на приведеното лице пројанјдена е значителен број на оружје и муниција, како и листа на следбеници на движењето Ѓулен, како и нивните лични податоци.

Полицијата води истрага за причината поради која е создадена листата, односно дали се планира ликвидација на тие лица или истите се користени за разузнавачки цели. Исто така се истражуваат и пораките од разговорите на приведениот, освен тоа започната е финансиска истрага.

Линк: https://www.spiegel.de/panorama/duesseldorf-polizei-entdeckt-verdaechtige-namensliste-mit-anhaengern-der-guelen-bewegung-a-2f2bcc2f-7169-4eab-a9c6-66039d1e607f-amp?__twitter_impression=true&s=09