Кина евакуираше 120 илјади лица поради поплавите

Повеќе од 1,7 милион луѓе се погодени од невремето, а речиси 20 000 куќи се целосно уништени.

Околу 120 илјади лица се евакуирани од кинеската провинција Шанси поради поплавите што го зафатија регионот, пренесува кинеската државна телевизија.

Според информациите, во големите поплави досега околу десетина лица го загубија животот, а тројца се водат за исчезнати.

Повеќе од 1,7 милион луѓе се погодени од невремето, а речиси 20 000 куќи се целосно уништени.

Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).