Мексиканската војска заплени 1,6 тони кокаин

Мексиканската војска заплени 1,6 тони кокаин

Мексиканската војска пресретнала два брода во близина на брегот на земјата со голема пратка кокаин во Пацификот, соопшти синоќа Министерството за морнарица.

При претресот на бродовите биле пронајдени вкупно 1,6 тони кокаин.

Седум мексикански државјани вмешани во шверцот на дрогата се приведени и предадени на обвинителството. Наскоро се очекуваат обвиненија. Според прелиминарните податоци, транспортот на кокаин го организирал еден од мексиканските нарко картели.

На почетокот на февруари, во близина на брегот на северозападниот дел на Синалоа, војската заплени брод со повеќе од 2,5 тони метамфетамин и повеќе од 100.000 таблети фентанил. Вкупната вредност на нелегалниот товар на црниот пазар била околу 90 милиони долари.