Министрите за финансии на Г7 во Лондон се согласија за историскиот договор за оданочување на мултинационалните технолошки гиганти, објави британскиот министер за финансии Риши Сунак на Твитер.
Русија гради брз интернет на Арктикот, пренесува агенцијата „Спутник“. Како што се наведува во текстот, вредноста на проектот е 65 милијарди рубљи (околу 700 милиони евра).
Болничари тестираат нов вид брза помош во изолираната област Лејк Дистрикт во северна Англија. Се работи за летачки костим со којшто лекарот ќе стигне до пациентот многу побрзо отколку со возило за итна помош или пешки…
Во рамките на проектот „Видео игротека“, поддржан од Министерството за култура, Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) објавува повика за подготовка на концепт за видео игра на тема „ Зачувување на животната средина“.
Јапонската компанија Сони објави дека следната генерација на својата позната конзола за видеоигри, Плејстејшн 5 ќе ја пушти во продажба во ноември.
Компанија Епл побара од своите ограноци да произведат најмалку 75 милиони 5Г ајфони во втората половина од оваа година, како и нови модели паметни рачни часовници, нови ајпад „Ер“ и помалиот „Хоум-под“.
Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави во вториот квартал од годината затоа што содржеле лажни информации за коронавирусот, што може да им наштети на здравјето на луѓето, јави ДПА.
Компанијата Бостон динамикс официјално почна со продажба на своето флексибилно и повеќенаменско роботско куче Спот кое чини 74.500 долари.