Бесплатниот анти вирус WINDOWS DEFENDER со подобри перформанси од платениот

Ав-Тест реномираната фирма за тестирање на програмите оцени дека бесплатниот анти вирус Windows Defender е најдобрата анти вирус верзија. Друштвото кое на секои два месеци објавува извештај, за софтверот на Мicrosoft кажа дека најуспешниот анти вирус од аспект на безбедноста, перформансите и употребливоста.

Програмата успеала да ги долови сите програмерски грешки на сите тестови спрвоведени од Ав-Тест. Во индустриското тестирање Defender успеал да достигне просек од 97.1 %. Освен тоа, Defender успеал да ги „улови“ сите 2,428 програми, детектирани во последната една недела.

Please publish modules in offcanvas position.