Осум турски мигранти, следбеници на движењето Ѓулен, се удавиле во реката Марица, меѓу удавените има и три деца

Реката Марица, која ја означува копнената граница помеѓу Турција и Грција во минатите години значеше сигурна смрт за многу сириски бегалци.

Но, следбениците на движењето Ѓулен се последните жртви на оваа река, обидувајќи се да избегаат од тортурата на угнетувачката влада на Ердоган.
Минатата година, 5 членото семејство Маден потона во водите на Егејското Море на патот кон грчкиот остров Мидили, во обид да се спасат од тортурата на турската влада, насочена кон следбениците на движењето Ѓулен и нивните семејства.

Вчера се случи уште поголема катастрофа во реката Марица, каде што се удавија вкупно 8 души. Според информациите на турските медиуми, сите биле обвинети поради наводно членство во движењето Ѓулен.

Пластичен чамец, кој носеше две семејства и едно момче, сите припадници на движењето Ѓулен, се преврте во водите на реката Марица. Во чамецот имало вкупно осум лица, од кои три деца. Од вкупно удавените 8 души, турската погранична полиција успеа да ги пронајде телата само на една мајка и нејзините две деца.

Пронајдените тела им припаѓаат на Ајше Абдурезак (36, мајка), Абдулкадир Енес Абдурезак (11) и Халил Мунир Абдурезак (2).

Тажен крај на успешни животи

Угур Абдурезак (39) е таткото на Енес и Мунир и сопруг на Ајше. Тој долги години работел како професор по Англиски јазик. Се додека не бил приведен по сомнителниот воен удар на 15. Јули 2016. Во јануари бил пуштен на слобода, по 11 месечниот притвор, но судењето продолжило. Обвинителот побарал вкупна казна затвор од околу 29 години.

Во пластичниот чамец биле и членовите на семејството Доган: 30 годишниот Фахретин Доган, 28 годишната Асли доган и нивниот 2,5 годишен син Ибрахим Селим Доган.
Утрово е пронајдено телото и на 2,5 годишниот Ибрахим.

Бегство од тортурата, во потрага по слободата

Следбениците на движењето Ѓулен ја доживуваат истата судбина како и сириските бегалци. Големата тортура, социјалната неприфатливост и одземените животи се дел од причините поради кои што следбениците на движењето Ѓулен ја напуштаат Турција.

Турската влада прогон против сите следбеници на движењето Ѓулен и како причина за тоа го наведе сомнителниот воен удар кој се случи на 15. јули 2016. Владата на Ердоган го обвинува движењето за организирање на воениот удар.

Турската влада ги поништи пасошите на поголемиот број следбеници на движењето, а освен тоа, секој легален обид за излез од државата завршува со притвор. Следбениците на Ѓулен се приморани да изберат помеѓу долгогодишна робија и слободен живот надвор од Турција. Потрагата по слободата и подобриот живот понекогаш завршуваат со смрт на малолетни деца и сите членови на бегалските семејства.

Турската деспотска влада досега уапси над 50 илјади Ѓуленисти, додека пак судски процес е започнат против 120 илјади лица. Сите се обвинети за наводно учество во движењето.

Please publish modules in offcanvas position.