Турција: Повеќе од 300 весници се затворени поради недостиг од хартија

Турција: Повеќе од 300 весници се затворени поради недостиг од хартија

Повеќе од 300 локалнни весници и 11 издавачки куќи го стопираа своето работење поради тоа што немаат доволно буџет за снабдување со хартија.

Според Озџан Ајгун, пратеник на најголемата турска опозициска пртија ЏХП, оваа криза настана поради падот на турската лира. Само во последните неколку месеци цената на еден тон хартија за весници се искачи од 450 долари на 800 долари.

Поради истата причина, голем број болници не можат да издаваат пишани извештаи, а судовите имаат многу застој оради истата причина.

Пазарот на хартија во Турција во голема мера зависи од надворешниот пазар. Многу мал број потрошувачи се снабдува од домашни производители.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.