Турските конзулати веќе не се сигурно место за турските граѓани.

Турските конзулати веќе не се сигурно место за турските граѓани.

Убиството на Качоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција покажа колку овие земји и нивните владетели можат да бидат сурови во остварувањето на своите цели.


Со големо жалење може да се констатира дека и Турција со забрзани чекори се движи кон ваквата цел. Ова е неизбежен резулатат, доколку надворешните преставништва бидат предадени во рацете на провладините лица, а не лицата кои ги заслужуваат тие позиции.
Според вестта на Би-Би-Си „Ердал Акбаш кој живее во холандскиот град Хаг поднесе кривична пријава против службеници на турската амбасада поради физички напат врз него“
Интересно е тоа што оштетениот е поддржувач на турската владеачка партија и учествувал на сите настани во Хонландија организирани од страна на турската влада.
Според неговата изјава, тој отишол во турската амбасада во Ротердам со цел да го обнови својот пасош.
- При влезот бев пречекан со недолични зборови од страна на еден од персоналот. Го замолив да не ми се обраќа на таков начин. Токму во тој момент почнаат да прцкаат со солзавец. Четири души насилно ме внесоа во една од просториите на амбасадата. Тука брутално ме малтретираа и ме тепаа. Мојата сопруга ја повика полицијата. Ме пуштија кога се појави полицијата пред турската амбасада.
По ова, со брза помош бил однесен во болница. Спооред лекарскиот извештај, Акбаба имал силни оштетувања врз телото.
Ова е само еден од големиот број примери каде што турските конзулати се место за насилство врз граѓаните. Еден друг пример од соседното Косово.
Шест турски граѓани, меѓу кои 5 наставници и еден лекар, беа киднапирани на сред бел ден во Приштина и беа однесени во турската амбасада, од каде што се префрлени во Турција со специјален авион. Доказ за вмешаноста на турската амбасада во овој случај се сликите кои се појавија во јавноста само неколку часа по настанот. Сликите првично беа објавени од страна на турската државна информативна агенција Анадолу Агенси.
Турските конзулати не преставуваат веќе сигурно место за турските граѓани. Услугите како обновување пасош, лична карта, извод од матичната книга на родените се само услуги на граѓаните кои не се критички настроени кон режимот на Ердоган. Голем дел од вработените во амбадасата се вработени според нивната поврзаност кон владеачката партија на Ердоган АКП.

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.