Турските власти се обидуваат да ги сокријат доказите околу атентатот врз поранешниот руски абдасадор во Турција

Турските власти се обидуваат да ги сокријат доказите околу атентатот врз поранешниот руски амбасадор во Турција

Турските власти се обидуваат да ја сокријат поврзаноста на екстремистичките организации со атентаторот на поранешниот руски амбасадор во Турција.

Две години по атентатот врз поранешниот руски амбасадор во Турција, сеуште не се знае со точност дали атентаторот има поврзаност со одредени групи или чинот е извршен со лична иницијатива. Атентаторот Мевлут Мерт Алтинташ е убиен од страна на обезбедувањето на Карлов веснаш по атентатот.

Турското обвинителство подоготви обвинение, кое е критикувано дека не ја прецизира поврзаноста на атентаторот со екстремичните групи, особено се занемарува поврзаноста на Алтинташ со некои лидери на верски организации во Турција, кои се познати по своите радикалистички ставови и поврзаност со турските власти. Според поратлот MedyaBold.com, Алтинташ поминал низ подолг период на ектремизација.

Според обвинението, по изввршениот преглед врз телефонот и компјутерот на Алтинташ, најдени се видеа и текстови со екстремистички содржини. Најдени се видеа каде што американски војници убиваат муслимани. Има видеа на Бин Ладен каде што тој им се заканува на немуслиманите и ја изговара реченицата „Се додека не се исселите од нашите земји, нема мир за вас“ што е идентична со реченицата на атентаторот по атентатот врз Карлов „Ова е наша земја, нема никогаш да имате мир тука“. Во обвиненитето не е внесена реченицата на атентаторот.

Во компјутерот на атентаторот е најдено и видеотот на Ал – Каеда „Ал – Каеда,ти самата треба да се грижиш за себе“.

Она што привлекува внимание е видеото на Нуретин Јилдиз, турски проповедник кој е познат по своите екстремистички изјави. Обвинението само во една реченица наведува дека Алтинташ гледал негови видеа, без подетално да се наведе и обработи содржината на видеата. Јилдиз е отворен поддржувач на Ердоган. Тој е еден од проповедниците кој отворено повика на линч против следбениците на движењето Ѓулен, обвинувајжи ги за неверници.

Please publish modules in offcanvas position.