700 деца и 25 илјади жени зад затворски решетки - билансот од двегодишната вонредна состојба во Турција

DW: 700 деца и 25 илјади жени зад затворски решетки - билансот од двегодишната вонредна состојба во Турција

443 илјади тужби, 250 илјади приведувања, 50 илјади апсења, од кои над 20 илјади се жени заедно со преку 700 деца под 6 години, илјадници затворени медиуми, преку 150 уапсени новинари... Ова е билансот на вонредната состојба која ја прогласи турската влада по обидот за воен удар во 2016 година.

Невладината организација „Правда за невините луѓе“ подготви извештај за штетите на вонредната остојба.

Според извештајот, турската влада ја злоупотреби вонредната состојба за да се ослободи од сите опозициски настроени. Според истиот извештај, со владини декрети отпуштени се преку 125 илјади вработени во јавната администрација. Поголемиот дел од нив примаат месечни примања од само 800 турски лири (нешто повеќе од 8 000 денари).

  • По обидот за пуч во 2016, Турција веќе не е правна држава. Целосно се уништени сновите на правото како што е „презумпција на невиност“. Повеќе од 250 лица директно се оштетени, а ако ги земеме предвид нивните семејства, оваа бројка се искачува на повеќе од 1 милион лица, се вели меѓу другото во извштајот на оранизацијата.

Според извештајот, забраната за излез од државата на обвинетите лица е пракса која се практикувала во времето на Хитлер во нацистичката Германија.

93% од жртвите на вонредната состојба се високообразовани лица. Од кои повечето се образовни работници. На жртвите не им се дава правото за докажување на невиноста. Обвиненијата се многу скудни, без никакви законски докази.

Извештајот исто така потенцира дека во 46% од турските затвори нема доволно греење за зимскиот период.

Особено се потенцира дека повеќе од 700 деца помали од 6 години се во затвор заедно со своите мајки.

link: https://www.dw.com/tr/iki-y%C4%B1ll%C4%B1k-ohal-raporu-ma%C4%9Fdurlar%C4%B1n-ortalama-geliri-800-liran%C4%B1n-alt%C4%B1nda/a-47165102?fbclid=IwAR0kDnjNlV08dTNlchEBcnsWAKCB6DYCl0lqs90kjroRUCDD90nxZ2lwpUs

Please publish modules in offcanvas position.