Зошто Ердоган не се откажува од Истанбул?

Зошто Ердоган не се откажува од Истанбул?

На 31 март 2019 во Турција се одржаа локални избори, на кои владеачката партија на Ердоган, АКП ја изгуби изборната битка за најголамиот турски град Истанбул. Според двапати избројаните гласови победник во овој најголем турски град е Екрем Имамоглу, кандидатот на опозициската ЏХП. Велиме два пати, бидејќи веднаш по објавувањето на конечните резултати, партијата на Ердоган обвини за плагијат на изборите и побара пребројување, по што излезе истиот резултат. Сега се шпекулира дека Ердоган побарал второ пребројување.

Тука се поставува прашањето, зошто Истанбул е толку важен за Ердоган? Најпрвин, срцето на турската економија чука во овој град. Најголемите инвестиции се тука.

Ова најдобро го знае Ердоган, кој во 1994 година беше прогласен за градоначалник на Истанбул. По тој момент Ердоган, и неговата партија 25 години се на кормилото на власта на Истанбул. Втората причина е буџетот на Истанбул, кој изнесува околу 24 милијарди турски лири (околу 6 милијарди евра). А ова е многу повеќе од некои министерства на Турција. Доколку се додаде и заработката на некои државни фирми, оваа бројка достигнува и до 35 милијарди. Вие да сте на местото на Ердоган, дали би се откажале од овој град?

Но, и покрај преголемиот напор на Ердоган и неговата партија да го добијат овој град, сепак на 31 март, по тесната битка, како градоначалник на Истанбул беше избран кандидатот на опозициската ЏХП, Екрем Имамоглу.

ИНВЕСТИЦИИ

Истанбул е повеќе од еден град за владеачката АКП. Општо правило е во Турција, партијата која ќе победи во Истнбул, има големи шанси да победи во цела Турција. Според последните статистики Истанбул преставува половина од целата економија на Турција. До ноември 2018 година, 51% од 154 милјарди доларскиот извоз на Турција потекнува од Истанбул. Со ова, овој град се најде на врвот на економијата на Турција.

МНОГУ ПАРИ ИМ СЕ ПРЕФРЛАЛЕ НА ПРОВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Но, сето ова не е најголемата причина за инсистирањето на Ердоган во врска со Истанбул. Според официјалните податоци, само во 2018 година вкупно 847,6 милиони долари се префрлени на организации блиски до власта. Најголемото парче од оваа торта припадна на ТУГВА, која е во сопственост на синот на турскиот претседател, Билал Ердоган. 41,1 милион се префрлени на ТУРГЕВ, каде што еден од членовите на управниот одбор е ќерката на Ердоган, Есра Албајрак. 16/6 милиони лири се префрлени на уште една организација на Билал Ердога,, Окчулар Вакфи. Ова е само почетокот на долгата листа на организации блиски до владата на Ердоган кои добиле милионски суми од касата на Истанбул. Ви је пренесуваме листата на организации, блиски до Ердоган, кои добиле срества од Истанбул.

Организација

Дадени срества (ТЛ)

ТУРГЕВ

8,598,840.73

Фондација ЕНСАР

4.799.540

ТУГВА

12.379.411

Фондација МААРИФ

4.415.110

Фондација на теолози

2.215.054

Фондација за ширење на наука

1.560.887

Фондација 13

6.893.989

Организација 15 Јули

1.287.068

Окчулар Вакфи

2.746.137

Фондација Азиз Махмут Худаји

2.748.100

Фондација за луѓето

722.637

Фондација АСИТАНЕ

295.059

Фондација БИРЛИК

126.383

Фондација ЈЕНИ ДУНЈА

233.596

Фондација Дарул ФУНУН

373.781

Фондација ЕНДЕРУН

121.114

Други организации

2.603.526

Училишта

16.439.087

Училишни спортски сали

441.085.049

ВКУПНО

847.592.858,27

 

линк: http://www.tr724.com/akp-istanbuldan-neden-vazgecemiyor/

Please publish modules in offcanvas position.