Сонот на една турска ученичка за денот на децата: Да стане германски државјанин

Сонот на една турска ученичка за денот на децата: Да стане германски државјанин

Секоја година на 23 април Турција го одбележува традиционалниот ден на Националното единство и денот на децата. По тој повод се организираат различни активности поврзани со децата.

На телевизијата НТВ, во програмата организирана по повод одој празник, меѓу другото водителката учесниците ги праша за нивните соништа како академски граѓани. Внимание привлече одговорот на едно девојче, кој многу брзо се прошири низ социјалните мрежи, а стана и тема на различни политички расправии помеѓу политичарите.

- Сакам да студирам медицина на универзитетот во Келн, Германија. Па потоа можеби и ќе добијам германско државјанство“ одговори едно од девојчињата, учесници во програмата.

Според критичарите на актуелната турска влада, одговорот на ова девојче ја отсликува 17 годишното владеење на Ердоган и неговата партија АКП. Голем број политичари го изразија својот револт кон владата за желбата на граѓаните за емиграција од земјата.

Според некои статистики повеќе од десетици илјади турски граѓани добија азил од германската влада, над стотина илјади секоја година ја напуштаат земјата поради тортурата на турските власти.

Please publish modules in offcanvas position.