Амнести Интернешнл: Во Турција не знаеш зошто си уапсен

Преставникот на Амнести Интернешнл за Турција, Ендру Гарднер, во изјава за www.tagesschau.de веб страница, во сопственост на германската државна телевизија, потврди дека во Турција, само во периодот по обидот за воен удар во2016 година, приведени се преку стотина илјадили лица.

Според него најголемата иронија е тоа што уапсените не ја знаат причината за нивното апсење.

  • Најголемиот проблем во Турција е тоа што не знаеш зошто си уапсен и какво обвинение е покренато против тебе. Причината може да биде секаква. Тоа може да биде некој твој говор, некој твој настап, ова може да биде некој митин на кој си учествувал, или пак некое твое споделување на социјалните мрежи... се може да биде, рече Гарднер во својата изјава.

Тој додаде дека затворите во Турција се пренатрупани и дека во периодот од 3 години уапсени се преку 100 илјади лица. Според него, лесно е да се влезе во турските затвори, но и е многу тешко да се излезе.

СЕ НАМАЛУВА ДОВЕРБАТА ВО ТУРСКОТО ПРАВОСУДСТВО

Европскиот суд за човекови права минатата недела од Анкара побара писмена изјава во врска со разрешение судии и обвинители. Според генералниот секретар на Амнести, ова е доказ дека се зголемува недовербата во турското правосудство.

ЦЕЛТА Е ДА СЕ УАПСАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ      

Во вестта потпишана од Карин Сенз се наведува дека секојдневно се повеќе и повеќе се шират гласините за тортура во затворите. Ердоган, на место да се обиде да го стопира ова и да го намали бројот на затворениците, тој продолжува да гради нови затвори. 

Screenshot 2 1024x849 699da

Please publish modules in offcanvas position.