Тимот на Бинали Јилдирим, го купи името на 'Екрем Имамоглу' од Google Ads

Турција се наоѓа на прагот на можеби најнеизвесните избори во поновата историја. На 23 јуни ќе се одржат повторените избори за градоначалник на Истанбул, каде што биткатаја водат кандидатот на владеачката АКП, Бинали Јилдирим и Екрем Имамоглу, кандидат од редовите на најголемата опозициска партија ЏХП.

На првите избори, со тесна разлика победа издвои Имамоглу. По овој резултат, партијата на Ердоган ги поништи изборите, а изборната комисија закажа нов датум за изборите, поради наводните нерегуларности. Овој потег доживеа лавина критики во јавноста.

Бинали Јилдирим исто така е критикуван и поради тоа што „го украл“ слоганот на Имамоглу.

 Слоганот на избраниот градоначалник на општина на град Истанбул Екрем Имамоглу, 'се ќе биде многу добро', почна да го користи и Бинали Јилдирим кој доби многу критики, се откри дека и на Google рекламите го користи името на Екрем Имамоглу.

На изборите на 31 Март Екрем Имамоглу победи, со тоа Бинали Јилдирим изгуби и започна двобој меѓу истите.

АКП, го зема купи 'Екрем Имамоглу'

Според вестта на Џумхуријет, АКП го купи името на Екрем Имамоглу од 'Google ads'.
'Google ads' е вид на реклама каде се купуваат најбараните зборови на Google. АКП го купи името на Екрем Имамоглу така што лицата кои ќе го пребаруваат името на Екрем Имамоглу најпрво ќе им се појави веб страницата на Бинали Јилдирим.

Рекламата насочува кон веб страницата на Бинали Јилдирим

Рекламата со наслов 'Зошто се обновуваат изборите во Истанбул' насочува кон веб страницата binaliyildirim.com.tr. По клинувањето на линкот се појавува страница каде се објаснуваат причините за приговор на АКП и одлуката на државната изборна комисија.

Please publish modules in offcanvas position.