Извештај на Фридом Хаус: Турција не е слободна држава

Фридом Хаус го објави годинешниот извештај каде што Турција доби 31 поени од можни100. Според извештајот во држави како Турција, каде има притисок врз медиумите, се повеќе се раѓа интерес кон интернет страниците.

Колку и да се тврди дека нема притисок врз медиумите, после обидот за државен удар на 15 јули  2016, затворени  се 150 медиумски организации. Иако се поминати 3 години после тоа сеуште се притворуваат новинари.

Според новиот извештај на Фридом Хаус, притисокот врз медиумите го има по цел свет но во држави како Турција каде има поголем притисок врз медиумите, се повеќе се раѓа интерес кон алтернативите кои ги смислуваат новинарите.

“Слобода и медиуми“ е насловот на годинешниот извештај на организацијата, чие седиште е во Вашингтон, САД.

Во извештајот станува збор за Скратената слобода на медиумите во Турција. Поради тоа што медиумиумите ја изгубија довербата на народот, интернет новинарството почна се повеќе и повеќе да се цени.

Истотака станува збор и за периодот после 15 јули, кога се затворија над 150 медиумски организации и се притворија стотини новинари без никаква правна основа и се обвинети за членство во терористичка организација, поради тоа повеќето новинари се пренасочија кон интернет новинарството.

Како пример се дадени, новинарот Унсал Унлу кој од дома прави подкест објави, дигиталната работа на Докуз, трудот на Јавуз Бајдар за АХВАЛ ЊУЗ кој беше приморан да избега од Турција.

Во извештајот кој го објави Фридом Хаус, на Youtube каналот кој го соноваа Deutsche Welle, BBC, France24 и  Voice of America дадено им е место и на +90.
Ако во случај Турција биде вознемирена од организацијата Voice of America која е финансирана од САД, ќе биде приморена да се обрати кај друга исто Америчка организација, Youtube.

Дискутабилни случки во Запад

Според Фридом Хаус во демократските држави колку и да нема директен притисок врз новинарите, сепак голем дел од народот не може да стигне до неутрални вести.

Во извештајот станува збор и за медиумските организации кои се блиски со власта и ја имаат нејзината помош. Самостојните и слободните организации се под  опасност.

Please publish modules in offcanvas position.