Слобода на говорот во Турција: Блокирани се повеќе од 246 илјади веб страници

Слобода на говорот во Турција: Блокирани се повеќе од 246 илјади веб страници

Турската невладина организација за слободата на говорот објав извештај во врска со страниците кои се блокирани во 2018 година. Според овој извештај, до 2018 година во Турција блокирани се вкупно 245.825 веб страници.

Извештајот насловен како „Блокирани веб страници 2018“ е составен од податоци за блокираните веб страници кои се блокирани од страна на турската влада преку државната организација „Информатички технологии и комуникации“ (БТК) и уште други 510 владини организации или преку владини декрети.

Според извештајот, од 2007 година па се до 2018 година во Турција блокирани се вкупно 242 илјади 825 веб страници. Само во 2018 година се блокирани 20% од оваа бројка, односно 54 илјади 90 веб страници.

Како потписници на извештајот се јавуваат професор Јаман Акдениз и Озан Гувен.

Според Акдениз, причините поради која се блокираат страниците во Турција и западните земји се многу различни.

  • Во западните земји генерално се блокираат страници со детска порнографија и други непристојни содржини, додека пак во Турција лепезата на причини е многу поголема, вели Акдениз во својата изјава за Дојче Веле на турски јазик.

Според авторите, турската влада генерално ги блокира веб страниците кои објавуваат критички вести, а тоа во поголемите случаи се опозициски страници.

Според авторите на извештајот, спорно е и тоа што голем број на институции имаат право да донесат одлука да се блокира некоја објава на некоја веб страница, или пак целата веб страница.

Акдениз реагира за големиот број на блокирањаи нагласува дека ова не се демократски потези.

Турција се најде на прво место во светот според судските одлуки за блокирање на Твитер објави. Па така, според официјалната статистика, вкупно 1.507 судски одлуки се издадени минатата година за блокирање на твитер профил. На второ место според истата статистика е русија со 372 а на трето место се најде бразил со 107 судски олдуки.

Инаку, извештајот потсетува дека најголемата електронска енциклопедија Википедија е забранета уште од 2017 година.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.