Турција: Пионир војник неправедно осуден на 14 доживотни казни

Ахмет Оздемир е пионер војник, кој по само 5 дена служење на војска осуден е на 14 доживотни казни за наводно учество во воен удар. Оздемир е поранешен ученик на воената академија, кој вечертта кога се случи наводниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, по наредба на своите претпоставени се упати кон седиштето на општина Истанбул. Според тврдењата на Оздемир, наредбата на командирот била конечна, а со причина за некаков терористички напат.

Оздемир е само еден од стотината ученици на турската воена академија, кои таа вечер ги примаа само наредбите на своите претпоставени, а се осудени за учество во терористички напад.

За парадоксот да биде поголем, според воените записи се испостави дека голем дел од овие војници, вклучувајќи го и Оздемир, таа вечер не биле вооружени.

Мајката на Ахмет Оздемир, преку социјалнит мрежи го изрази својот, и револтот на синот со зборовите „Доста е веќе, 3 години тортура!“

Што се случи таа вечер?

Вечертта на 15 Јули 2016 година во Турција се случи на таинствената, истовремено и најнеизвесната и најцрната ноќ во историјата на земјата. Оддеднаш на телевизија се појавија снимки со војници кои ги заземаат клучните точки на Истанбул и другите поголеми градови. На прв поглед се личеше на воен удар против властта на Ердоган. Но настаните што се случија потоа, бројот на наводните војници учесници во пучот, и уште многу други факти го поттикнуваа сомнежот дека овој на видум неуспешен веон удар е организиран од страна на Ердоган, со цел да ја зацврсти својата власт и да создаде причина со која ќе ги елиминира своите најголеми противници, следбениците на движењето Ѓулен.

Според воените записи, војниците пионери таа вечер добиле наредба да излезат од касарните и да се упатат кон критичните точки, со образложение дека Турција се соочува со голем терористички напад, без да бидат свесни дека се втурнати во обид за воен удар.

Ахмет оздемир е дел од воената гарда која е упатена кон зградата на општината на Истанбул. Заедно со своите совојници добил наредба да се упати кон зградата, каде што таа вечер беа убиени повеќе од 15 лица.

САМО 5 ДЕНА ВОЈНИК

Ахмет Оздемир, по извршувањето на својата обука, беше испратен во Истанбул за да го изврши воениот рок. По само 5 дена служење, се случи 15 Јули, вечертта поради која Оздемир е осуден на 14 доживотни казни. Поради својот статус, Оздемир може само да прима наредби, но е осуден како да издавал наредби.

За неправдата да биде поголема, Оздемир е осуден на 14 доживотни казни како тој да ги издал наредбите.

Оздемир е само дел од учениците на воената академија кои неправедно се осудени на доживотна казна, додека пак од другата страна нивните командири не добија никаква казна во врска со постапките таа вечер.

Please publish modules in offcanvas position.