Мамо, ме бакна ли пред да си заминеш? – Дел од семејните драми на уапсените мајки во Турција.

Продолжуваат и се повеќе се продлабочуваат трагедијата и траумите на децата на уапсените мајки во Турција, кои се обвинети поради членство во движењето Ѓулен.. Еден дел од нив престојуваат во затвор заедно со нивните мајки, додека пак останатите мораат со нетрпение да ги чекаат своите родители.

Петгодишната Бетул Топчу е ќерка на една од десетина илјадниците затворенички во Турција поради наводно учество во движењето Ѓулен, кое турската влада го обвинува за организирање на пучот во 2016 година.

Двајцата родители на Бетул се нерпаведно приведени. При нејзината посета на мајка и во април, таа не сакала да се раздели од неа, па затворските власти одлуиле да ја примат заедно со нејзината мајка. Бетул за прв пат по осум месеци спиеше заедно со својата мајка.

  • Мамо, ме напуштивте таа вечер додека јас спиев? Дали ме бакнавте пред да си заминете? – се зборовите на Бетул со кои таа го изразила својот револт кој ситуацијата.

Ајше Топчу е поранешна директорка на интернат во сопственост на движењето Ѓулен, додека пак нејзиниот сопруг Ахмет Хамди Топчу е поранешен професор по математика во едно од училиштата на движењето Ѓулен. Сега и двајцата се во затвор. Нивните работни места, според турската влада се причина за обвинение.

Бетул по 40 дневен престој во затворот, заедно со нејзината мајка, сега повторно е со својата баба, откако претходно падна од креветот во затворската ќелија.

Please publish modules in offcanvas position.