Тајните документи на воениот удар во Турција: Потпис на Хулуси Акар врз соопштението на турските вооружени сили за превземање на властта

На годишнината на 15. Јули, дента кога во 2016 година се случи обидот за воен удар во Турција, се појавија тајните документи на советот за национална безбедност на турската армија. Документите се пронајдени во службениот компјутер на генералштабот на турската армија, а врз нив јасно се гледа потписот на тогашниот генерал на Генерлштабот Хулуси Акар, актуелен министер за одбрана.

Првото соопштение кое е испратено на воените единици и министерства е директива за воено право со потпис на директор на одбор за национална безбедност.  Во продолжението од соопштението се известуваат дека во новите назначувања Генералштабот и команданти на силите нема да се сменат, Хулуси Акар ќе остане Генерал на генералштабот.

Во веста на Нордич Монитор потпишана од страна на Абдуллах Бозкурт има нови детали поврзани со 15 Јули. Во часовите за кои се тврди дека Хулуси Акар бил киднапиран од страна на воените сили, има документи потпишани од страна на Хулуси Акар во кои на војската им се наредува да започнат со воениот удар но сеуште не се знае зошто не се испратени.

Не е подреден чинот на службеникот кој ја напишал пораката во која се доделуваат конвенциите во ТСК. Сеуште не се знае како воените службеници направија ваква грешка. Во записниците исто така се кажува дека службениците на кои им била доделена функција не можеле да го добијат Генералштабот за потврда на новата функција.

ПОТПИС: ХУЛУСИ АКАР

И во другите документи со наредба го има потписот на Хулуси Акар. Во 2017 медиуми блиски со властта, за оттргнување на таквите мисли на народот објавија вест во која се кажува дека воените сили кои не можеле да го убедат Акар потписот го замениле.

НРЕДБА ОД ОДБОРОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ СО ПОТПИС НА ХУЛУСИ АКАР

20 членови на Одборот кој не се знае од кој и како е основан се судени но испитувањето на Хулуси Акар не е ни започнато.

ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ВО ОБВИНЕНИЕТО

Уште едно интересно прашање е зошто волку важни документи не се ни спомнати во обвиненијата. Документот кој го има во дополнителните папки помеѓу илијадници документи се смета дека е таен за доброто на Акар.

Експертите тврдат дека содржината и формата на воените допишувања сезадолжителни за ТСК па дури и во воените училишта тоа го има како предмет, Не е можно да војниците го додадат потписот на Генералштабот, доколку тоа го направија првата порака до војниците ќе беше со потпис на Акар. Експертите сметаат дека користењето на потписот на Шефот на одбор за национален мир е договорено однапред.

Во вестта на Нордич Монитор исто така се спомнува и останувањето во зградата на Команда на специјалните сили до доцни часови  на потсекретарот на Хулуси Акар и МИТ Хакан Фидан. Исто така се спомнува и  Хакан Фидан како слободно и спокојно искочил од средбата со Генералштабот иако бил известен дека он е на чело на листа за нападнување на воениот удар.

Please publish modules in offcanvas position.