5 големи промени во Турција по обидот за државен удар на 15 јули 2016 година

На 15 јули 2016 година во Турција се случи обид за државен удар. Во текот на овие три години се случија настани и промени кои од длабоко влијаеја врз судбината на државата. Најбитните меѓу овие промени се: премин од парламентарен систем во претседателски, систематските промени поттикнати од исфрлањата во армијата и бирократијата. Овие промени ги анализиравме под 5 наслови.

1-Премин од парламентарен во претседателски систем.

На митингот „За демократијата и паднатите жртви“ свикан од страна на претседателот Ердоган, одржан на 7 август 2016 година, беше најавена примената на атмосферата и системот. Според официјалните полициски информации, на митингот учествувале преку 5 милиони турски граѓани, а за прв пат во историјата на Турција лидерите на трите поголеми партии се најдоа на ист митингшки подиум.

На митингот учествуваа и голем број познати личности. Според говорот на Ердоган и поддржката која ја доби од присутните, беше повеќе од јасно дека народ и опозициските лидери ќе го поддржат можниот претседателски ситем на чело со Ердоган. Интерес привлече и зближувањето на Ердоган, со лидерот на националистичката партија на Турција, Девлет Бахчели кој во голем број наврети претходно го критикуваше обидот на Ердоган да го воведе претседателскиот систем.

Само неколку месеци потоа беше формирана коалиција помеѓу партијата на Ердоган АКП и пронационалистичката партија МХП. Веднаш потоа се остварија како реални обидите на Ердоган да го вовоеде претседателскиот систем, за на крај предлогот да биде усвојен од парламентот и да биде ставен на референдум на 16 април 2017 година, каде што 52% од граѓаните се изјаснија дека се „ЗА“ претседателскиот систем.

Врз основа на овој референдум, на 24 јуни 2018 година беа организирани предвремени претседателски избори, кои Ердоган ги доби со мнозинство гласови од 53%. Од овие изброи веќе офизијално започна претседателскиот систем во Турција.

2-Намалена е улогата на војската во политиката

Веднаш по обидот за државен удар, од Турските воени сили разрешени се точно 17 илјади 380 војници. Од разрешените офицери, најмалку 150 се со звање Генерал. Ова е 40% од бројот на генерали во турската армија.

Се до периодот на државен удар, војската имаше сериозно влијание врз управувањето со државата, но по 15 јули влијанието на војската е сериозно намалено. По преминот во претседателски систем, генерлштабот беше префрлен како дел од министерството за одбрана.

Освен тоа, внимание привлекува и зближувањето на војската со властта. Ова тврдење се поткрепи и со посетата на тогашниот Генерал на турската армија Хулуси Акар врз поранешниот претседател Абдулах Ѓул, за можната негова повторна кандидатура. По преминот во претседателкиот систем, Акар е назначен за министер за одрбана, со што влезе во кабинетот на Ердоган, а Генералштабот е поврзан кон министерството за одбрана.

3-Правосудството е ставено под влијание на властта

Веднаш по обидот за државен удар, турските власти разрешија повеќе ид 4,500 судии и обвинители, а поголемиот дел од нив се приведени и уапсени под обвинение за членство во движењето Ѓулен, кое турската влада го обвини за организирање на пучот.

Овие измени предизвикаа голем број на обвинувања кон властта дека сака да влијае врз правосудството. Ова тврдење беше потврдено и од Европскиот суд за човекови права. Според извештајот на судот. Турската влада го зема обвинителството и правосудниот систем под свое влијание и дека оваа постапка е многу опасна за демократијата во земјата.

4-Голем број на разрешување во администрацијата

Најголемото влијание на државниот удар може да се забележи во администрацијата. Имено, според официјалните информации, вкупната бројка на разрешени лица изнесува 130 илјади лица. Ова е сериозна бројка за државната администрација. Според тврдењата на голем број експерти, на местото на овие 130 разрешени административци, донесени се луѓе кои не се надлежни за таа работа или пак не се доволно професионални.

Кон овие критики с еприклучи и последниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, кој даде отказ по инсистирање на Ердоган иако беше легално избран премиер.

- Професионалността треба да  биде најважниот услов во вработување на администрацијата. Во спротивно, вработувањето преку врски ќе предизвика онеспособување на општеството и затровање на моќта – гласи реакцијата на Давутоглу.

5-Изменета е сопственоста на медиумите, кои паднаа под влијание на властта

Турција е земја со најмала слобода на изразот. Според избвештаите на меѓународните организа ции и Фридом Хаус, како најрелевантна организација за проценка на слободата на говорот, Турција се наоѓа меѓу земјите со многу мал индекс на слобода на говорот. Оваа состојба се влоши по обидот за државен удар, каде што властта ги стави сите медиуми под свое влијание. Како најдобар пример може да се наведе продажбата на групацијата Доган кон групацијата Демирорен, која беше поддржана со државни кредити.

Со државен декрет, по обидот за државен удар затворени се повеќе од 200 медиуми. Со ова драстично се намали бројот на медиуми кои ја критикуваат властта.

Please publish modules in offcanvas position.