3 години по најтрагичната ноќ во историјата на Турција: Црниот биланс на периодот по обидот за пуч

На 15 јули 2016 година се случи обидот за државен удар во Турција. Оваа ноќ се смета како најцрната ноќ во историјата на оваа земја. Веднаш потоа турската влада прогласи вонредна состојба. Илјадници отпуштени, десетици илјади приведени, малтретирани, уапсени луѓе чии богатства бесправно се одземени... се само дел од црниот биланс на периодот по обидот за државен удар.

3 години подоцна состојбата не е подобра. Угнетувачката политика врз невините луѓе продолжува и ден денес. Отпуштените не се вратени на своите работни места, а турската јавност секојдневно се потресува со десетици случаји на малтретирање и тепање во затворите.

Ви го пренесуваме црниот биланс поврзан со обидот за државен удар и периодот потоа:

  • Вечерта на 15 јули убиени се вкупно 251 лице, а ранети се 2194 лица.
  • Вонредната состојба беше прогласена на 21 јули 2016 година, а беше откажана на 18 јули две години подоцна.
  • Во овие две години турската влада, на чело со Ердоган издаде 37 бвладини декрети.
  • Во текот на вонредната состојба разрешени се вкупно 125 илјади 678 административни службеници. На 270 ученици им се одземен статусот, а затворени се над 2 илјади 761 институција.
  • Во текот на вонредната состојба затворени се вкупно 204 медиуми.
  • Затворени се илјадници училишта на движењето Ѓулен, а затворени се и воените и полициските академии. Дипломите на учениците кои дипломирале на овие училишта се откажани. Вкупно 250 илјади ученици останаа со неважечки дипломи.
  • Во текот на вонредната состојба приведени се преку 70 илјади лица, од кои 35 илјади се уапсени, меѓу уапсените има над 20 илјади жени. 2 илјади деца биле ставени во затвор заедно со нивните мајки.
  • Над 22 лица се киднапирани од страна на турските разузнавачки служби. На 5-мина од нив сеуште не им се знае трагата, а државата молчи во врска со овие случаи.

Please publish modules in offcanvas position.