Во турските затвори има деца со Даунов синдром

Во моментов повеќе од 800 деца се наоѓаат низ затворите во Турција. Поголемиот дел од  нив се деца чии мајки се уапсени поради членство во движењето Ѓулен.

Дел од овие деца боледуваат од хронични заболувања.

3 годишната Ебру Алтин е една од нив. Таа боледува од Даунов синдром, а повеќе од 4 месеци е во затвор заедно со мајката Бахар Алтин.

Еден друг пример е Тунахан Тај, кој боледува од Аутизам. Тој повеќе од 6 месеци се наоѓа во затвор заедно со мајката Рабиа Тај.

Поради специфичноста на нивните болести, Ебру и Тунахан имаат потреба од специјална нега и терапија.

Според експертите, децата кои боледуваат од ваквите болести треба да ги имаат сите потребни услови за да можат подобро да се адаптираат во општеството. Првите 5 години од нивниот живот се клучните години за развојот на децата.

Јавноста со згрозување побара да им се дозволи брањење од слобода на мајките чии деца боледуваат од овие хронични заболувања.  

Please publish modules in offcanvas position.