Сe запалени 300 илјади книги, Турција го надмина дури и нацистичкиот режим

Турскиот министер за образование Зија Селчук изјави дека во последните три години уништени се повеќе од 300 илјади книги кои се објавени од страна на издавачките куќи блиски до движењето Ѓулен.  

Книгите се уништувани неселективно. Меѓу нив има верски, литературни, научни и школски книги. Единствениот критериум за нивното уништување е тоа што се објавени од издавачка куќа која му припаѓала на движењето Ѓулен.

Точната бројка изнесува 301 878 книги, а ја соопшти министерот за образование Зија Селчук, по барање на Есин Кара, пратеник од редовите на провладината националистичка партија МХП.

- Дали има обиди за расчистување на школсите библиотеки? Дали од овие библиотеки се извадени книгите на оваа организација? Доколку се извадени дали е направена анализа како тие книги биле внесени во таа институција? Дали сеуште ги има овие книги во училиштата и дали државата врши контрола врз училиштата?  - ова е прашањето на пратеникот Кара, на што министерот Селчук го даде следниот одговор:

- Во врска со ова можам да кажам дека се затворени сите медиуми и издавачки куќи блиски до оваа организација. Како дел од тоа, треба да се напомене и дека се уништени точно 301 878 книги, откако претходно истите се извадени од училиштата по наредба на министерството за внатрешни работи.

Ваквата постапка на турската влада потсетува на постапките на нацистичкиот режим, но во многу поголема мерка. Според историските податоци, нацистите уништиле околу 25 илјади книги, што е за дванаесет пати помала бројка од бројката на запалени книги во Турција.

Турскиот министер се пофали и со 2.284 затворени училишта на движењето Ѓулен.

Please publish modules in offcanvas position.