Турција го блокира пристапот до 130 сајтови и профили

Судот во Анкара нареди блокирање на пристапот за 130 интернет страници и профили, вклучително и на страниците кои се критични кон турската Влада, како и опозициските профили, тврдејќи дека тие претставуваат закана по националната безбедност, стои во документот објавен на порталот „Бианет“.

Судот одлучил да ги блокира повикувајќи се на наводно кршење на законот со кој се регулира интернетот, објави „Бианет“, кој наведува дека и самиот се наоѓа меѓу блокираните.

Засега не е познато кога одлуката стапува на сила, бидејќи пристапот до страниците и профилите се уште е можен.

извор: https://www.novamakedonija.com.mk/svet/balkan/%D1%82%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%BE-130-%D1%81%D0%B0%D1%98%D1%82/?fbclid=IwAR3espLZyfsOtST6Bu_n5P4cGrmlUXAsMNB4FEewk_wDaPM1m7YlnobP6YI

Please publish modules in offcanvas position.