Писмо од турска затвореничка: 'Мојата цимерка, 18 месечната Сениха, во затвор научи да зборува и да оди'

24-годишната студентка по медицина, Монисе Кубра Чакирчобан, која беше уапсена во една од незаконските операции по 15 јули, веќе 3 години е во затвор. Чакирчобан ги опиша своите искуства во писмото до Омер Фарук Гергелиоглу, пратеник на опозициската партија ХДП и бранител на човековите права.

Чакирчобан во писмото кажа дека целото семејство се во затврор, мајката веќе 6,5 месеци, таткото веќе 15 месеци и брат ѝ кој е исто како неа, исто студент по медицина веќе 2,5 месеци во затвор. Веќе 7 празници е одвоена од семејството.

Според Чакирчобан, нејзината најмлада цимерка е 18 месечната Сениха.

- Кога се отвора вратата Сениха бега надвор, колку пати со плачење ја вратив внатре. Сениха е само една од 600 бебиња кои се внесени во оваа драма... Во оваа драма има од секоја возраст. Расте без да чебне земја. Тука научи да оди, да говори'.

Писмото до Омер Фарук Гергелиоглу,

СЕ НАОЃАМ ВО КОВЧЕГ ОД БЕТОН

'Јас се борев за доброто и за лекување на луѓето, но бидејќи сега истите молчат, јас сум во затвор. Ние сме мртовци кои дишат позади железен кафес во ковчег од бетон. Сакам да ве прашам вас, но заедно со вас и целиот наш народ, зарем човештвото го снема?'

ЗАРЕМ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА СПРЕЧИ ТОРТУРАТА?

Мунисе Кубра Чакирчобан исто така испрати фотографија со малечката Сениха која два месеца пред неа е во затвор.

'Сениха е само едно бебенце од 600 што се внесени во оваа драма... Од секоја возраст не има. Расте без да чепне земја. Тука научи да говори, да оди. Поради тоа што 24 часа сме заедно развојот детално и го запазив. Веќе и она знае дека тука нема слободен живот па затоа вратите штом се отвораат бега надвор. Не знам ни колку пати со плачење ја внесов внатре. Колку се труди да избега надвор. Ќе беше добро и човештвото да се трудеше толку. Зарем никој нема да ја спречи оваа тортура?'

НАЈВЕЌЕ МИ НЕДОСТИГА БЕЛИОТ МАНТИЛ

Чакирчобан која е осудена на 6 години 10 месеци и 15 дена затвор, кажа дека додека она се трудеше да спаси живот ја осудија како терорист и најмногу и фали белиот мантил за кој секој ден сонува.

ВЕ МОЛАМ СЛУШНЕТЕ НЍ ГО ГЛАСОТ

Чкирчобан, на крајот од своето писмо беше глас за сите неправдено осудени:

„Сениха ја запознав како цимер во затвор, а не како пациент како пациент. Јас и Сениха сме само две лица од илијадниците неправдено осудени. Секој ден ни минува со надеж дека некој ќе ни го слушне гласот. Зарем човештвото е дојдено до овој степен? Апелирам до луѓето кои ги затвораат очите, до луѓето во слободниот живот чија совест е затворена. Говорам во име на сите невини, жртви на кои соновите им се одземени од раце. Ве молам слушнете ни го гласот, не ги затнувајте ушите. Вашиот глас нека биде и наш.

Please publish modules in offcanvas position.