Таткото на малиот Муаз, кој е во турски затвор заедно со мајка му: Син ми не ме препозна

Во периодот по обидот за воен удар во Турција во 2016 година, турската влада приведе  и уапси стотина илјади невини луѓе поради наводно учество во движењето Ѓулен. Преку 50 илјади уапсени, меѓу кои 30 илјади жени и илјадници деца е само дел од немилосрдниот биланс на случувањата во периодот на вонредната состојба, која турската владаја објави по воениот удар.

Малиот Муаз, кој повеќе од 9 месеци е во затвор во турскиот град Мерсин, е само едно од стотината мали деца кои се наоѓаат во затвор заедно со нивните мајки. Муаз е во затвор заено со својата мајка Нурхан Бахадир, која е неправедно приведена поради наводно учество во движењето Ѓулен.

 Таткото на 11 месечниот Муаз, Левент Бахадир преку писмо до независниот портал Болд Медја ги опиша своите чувства од последната посета на својата сопруг и малиот син.

Во писмото тој наведува дека ова е само четврта посета на своето семејство, во периодот додека се тие во затвор.

„Што ли прават 90 – те бебиња во затвор на оваа топлина“

„По неколку часа патување со авион, конечно успеав да стигнам во градот Адана, каде што во овој дел од годината има пеколни температури.

Што ли на овие температури тие кои се во затвор? Каде бегаат на овие топлини? А малите деца? Што ли прават тие? А мојот Муаз? Кој знае како се снаоѓа на овие топлини?

Со овие мисли се симнав од авионот и се упатив кон Тарсус, затворот каде што се наоѓаат моите најмили.

Набрзо успеав да најдам еден пансион за сместување, бидејќи посетата беше утредента во 10:00 часот. Минутите, дури и секундите не знаеја да минуваат.

Конечно стигна времето кога ќе се ставеше крај на мојата желба да ги видам моите најмили.

Се упатив кон затворот. Стигна времето на посетата. Околу 45 минути нетрпеливо чекав да дојде времето кога низ вратата ќе влезе мојата сопруга и мојот Муаз.

Сите присутни во салонот за посети беа нетрпеливи.... Среќни бидејќи ќе ги видат своите најмили.

И конечно се појавија сопругата и син ми.

Господи Боже, ова е главниот град на среќата.

Не бев сведок ниту на првите заби на мојот син ниту пак на првите негови чекори. Колку само пораснал малиот. Се обидов да го прегрнам. Плачејќи се нзалепи за мајка му. „Да седнеме, нека се навикне на тебе, повторно ќе пробаме“ се обиде да ме утеши сопругата.

Во тој момент се урна мојот свет.Син ми не ме позна. Сопругата, со намокрените очи, седна на столче. Се тешиме двајцата дека сето ова ќе помине во брзо време. ,

Мојот син не сака да го земе лижавчето од моите раце, туку тоа го прави од рацете на мајка му. Но во знак наблагодарност дозволува да го бакнувам неограничено“.

Please publish modules in offcanvas position.